СДСМ го обвини Тошковски за вчерашното пукање во Арачиново - за 2 месеци ја влоши безбедноста
Секогаш кога ДПМНЕ е на чело на МВР се влошува безбедносната состојба во Македонија, велат од СДСМ
Во само два месеци откако ДПМНЕ и Тошковски го водат МВР, се случи свирепо убиство на младо момче, убиства и пресметки на криминални групи, опожарени возила и вчерашниот обид за убиство на градоначалник, со пукање, во кое се ранети две лица.
Налик на 11 годишното владеење на ДПМНЕ кога стравувавме од секојдневни тепачки во градските автобуси, поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост и кога МВР беше МВРО ставено во целосна услуга на Белата палата.
Граѓаните не сакаат неизвесност и несигурност, сакаат безбедни улици, сигурност и стабилност.
ДПМНЕ не се способни да ја гарантираат безбедноста и сигурноста на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ
02.04.2024 - 09:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа