Бројот на загинати во Москва се искачи на 115, меѓу кои и три деца

 

Рускиот истражен комитет објави дека бројот на загинати за терористичкиот напад во петокот вечерта во салата Крокус на периферијата на Москва се искачи на најмалку 115, меѓу кои и три деца.

-Се верува дека 121 лице се хоспитализирани, а околу 60 од нив, вклучително и мал број деца, се опишани како во „сериозна“ или „исклучително сериозна“ состојба. Досега руското Министерство за здравство го објави идентитетот на 41 лице за кои се знае дека биле убиени, објави Гардијан.

Руската Федерална служба за безбедност издаде соопштение во кое потврди дека уапсила 11 осомничени по терористичкиот напад во салата Крокус во вчера вечерта, вклучително и четворица кои, според неа, директно учествувале во нападот. Се тврди дека осомничените се обиделе да побегнат преку руско-украинската граница. ФСБ соопшти дека го информирала претседателот Владимир Путин за развојот на настаните.

Водечките политичари ја обвинија Украина дека е вмешана во нападот, што Киев го негира. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

23.03.2024 - 11:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега