Дани Алвеш прогласен за виновен: Ќе одлежи 4 и пол години затвор за силување

 

Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвеш е прогласен за виновен за силување млада девојка во ноќен клуб во Барселона. Алвеш е осуден на четири и пол години казна затвор, што е половина од тоа што го бараше Обвинителството.

Бразилскиот бек негираше дека сексуално нападнал жена на 31 декември 2022 година. Обвинет е дека ја намамил во тоалетот во ВИП делот на ноќниот клуб, но вели дека таа можела да замине ако сакала. 

Судот објави дека има и други докази, покрај сведочењето на жртвата.

Алвес постојано беше во затвор откако беше приведен пред повеќе од една година. Судијата одби да го пушти со кауција поради можноста за бегство. Бразил не врши екстрадиција на свои државјани кои се осудени во друга држава.

22.02.2024 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега