Тинејџерка се киднапирала самата себе и барала пари од семејството!

 

Ако сакаш да ја видиш сестра ти собирај пари. Ако не го направиш тоа или пријавиш во полиција ќе добиете мртво тело назад.

Ова е пораката која верувале или не едно девојче од Нови Пазар му ја пратило на својот брат, лажејќи дека е киднапирана. Се работи за 14-годишната М.Б. која се бараше како исчезната, а всушност сама побегнала од дома со автобус и барала пари од своето семејство, пренесе Блиц.

Девојчето се криело во Белград близу една фабрика, а според зборовите на очевидците изгледала премногу тажно.

Според зборовите на нејзините најблиски, девојчето во последно време делувало отсутно и имало проблеми со успехот во училиштето.

 

 

18.12.2013 - 10:41
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега