Шакира по седум години ќе издаде нов албум: Солзите ги претворив во дијаманти
Колумбиската пејачка Шакира на задоволство на многубројните фанови го најави објавувањето на својот нов албум.
„Мојот нов албум, кој ќе излезе на 22 март, го создадов заедно со сите вас, мојата глутница волци кои беа со мене на секој чекор“, ја започна својата објава пејачката.
„Создавањето на ова тело беше алхемиски процес. Додека ја пишував секоја песна, се обновував. Додека ги пеев, моите солзи се претворија во дијаманти, а мојата ранливост во сила“, рече Шакира.
Најавата за новиот албум за само неколку минути собра 200.000 лајкови и стотици коментари од нетрпеливи фанови.
Шакира го издаде својот последен албум „Ел Дорадо“ пред седум години и тоа беше нејзиниот 11-ти албум во кариерата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа