ДИК тврди: Имаме капацитет за водење на Избирачкиот список

Членовите на Државната изборна комисија денеска потенцираа дека има капацитет за водење на Избирачкиот список. 

ДИК се уште ги нема потребните ресурси да го води регистарот на избирачи и да го составува Избирачкиот список без надворешна поддршка, се наведува во Извештајот за проценка на споделувањето на личните податоци од јавните регистри во процесот на ажурирање на регистарот на избирачи изготвен од експертски тим на ОБСЕ/ОДИХР.

Бедредин Ибраими, претседавач со работната група и член на ДИК, изјави дека се исполнети условите ДИК целосно да ги преземе надлежностите во однос на Избирачкиот список.

Потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи, истакна дека сите партии треба да се залагаат и да работат на тоа во Македонија да има пречистен избирачки список.

Експертите велат дека Комисијата има ограничени капацитетиза да го води регистарот на избирачи. 

Државната изборна комисија треба да развие збир на детални пребарувања за да се процени точноста на регистарот на избирачи и за да се овозможи тековно известување на јавноста за измените во него. Една од долгорочните мерки според експертите е да се процени колку е исплатливо да се води регистар на избирачи паралелно со регистрите со население кои ги води МВР или кои во иднина ќе ги води Управата за водење на матичните книги под Министерството за правда. Тие сметаат дека или некоја од овие две институции треба да ја преземе работата на Избирачкиот список или ДИК треба целосно да ги развие капацитетите за да може да ја преземе одговорноста за водење на регистарот на избирачи.

За СДСМ Извештајот ја прикажува реалната слика во Македонија дека надлежен за податоците коишто се наоѓаат во овој документ се целосно одговорни Министерството за внатрешни работи и Управата за водење на матични книги во Министерството за правда. СДСМ не прифаќа ДИК целосно да се изземе од Избирачкиот список. Дамјан Манчевски како претставник на оваа партија ги потенцира предлозите на оваа партија за бришење на гласачите кои не живеат на адресите кои се наведени. Според него денека е 17 декември, а ниту една институција нема ништо превземено ваквите гласачи да бидат избришани од списокот и најави дека тие како полтичка партија ќе го предложат тоа. Треба да се направи ревизија на Избирачкиот список согласно Извештајот на Џон Арон од ОБСЕ, вели Манчевски поворувајќи ги барањата за доставување на изводи од Избирачкиот список на секои три месеци од страна на МВР со број на издадени лични карти и по која основа, со пресек на нови и отселени жители по општини и тн.

17.12.2013 - 15:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега