Нема фалсификувани лекови во Македонија

Инспекторите од Бирото за лекови постојано се на терен, а доколку дојдат до сознанија за фалсификувани лекови во соработка со другите институции превземаат соодветни мерки. Ова денеска го изјави директорката на Бирото за лекови на Македонија, Катерина Алексоска, која учествува на работилница за добра производна пракса на лековите, на која предавачите се од Словенија, Хрватска, Унгарија и од Шпанија, а која се одржува во Скопје.

Според Алексоска, најчесто фалсификувани лекови се цијалис и вијагра кои се за зголемување на потенцијата кај мажите, диклофенак како антиревматик, ад капки за подигнување на општото здравје.

- Последиците по здравјето на луѓето кои користеле фалсификувани лекови се многу големи. Тоа се лекови кои не содржат активна супстанца односно може да содржат и една вода во една ампула, што значи дека најдобро е кога сите ние заедно ќе придонесеме и ќе се грижиме за здравјето на луѓето, додаде Алексоска.

Од своја страна и професорот по јавно здравје од Шпанија, Хозе Естебан Фернандес, истакна дека контролата во Европа што се однесува до фалсификуваните лекови се зголемува.

- Она што сакам особено да го нагласам е делот на јакнење на јавната свест кај луѓето особено при набавка и купување лекови преку интернет. Кога нарачувате вакви лекови и медицински уреди треба да се советувате со фармацевтите и со докторите. Надлежните органи се оние кои ја гарантираат исправноста на лековите и медицинските уреди. Кога купувате лекови и медицински уреди од проверени места тоа се производи кои се контролирани од надлежните органи, рече Хозе Естебан Фернандес.

Тој додава дека потеклото на овие лекови мора да се има предвид дека е постојано нелегално. Луѓето имаат тенденција да го поврзуваат нелегалното производство со некоја конретна држава. Потеклото нивно е од мафијата и не може да се поврзе со ниту една држава затоа што присуството е апсолутно во сите држави.

17.12.2013 - 14:04
Фото: 
здравство24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега