Билт: Се надевам дека ќе бидеме конструктивни за Македонија
Министрите на земјите членки на ЕУ веќе го започнаа состанокот во Брисел на кој се одлучува за Македонија.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, иако утринава тема на ГАК е земјоделството и рибарството, шефовите на дипломатиите при пристигнувањето во зградата “Жустус Липсиус”, сепак, најмногу коментираа за тоа што очекуваат да се донесе како заклучок во однос на пакетот за проширување на ЕУ.
- Денеска никој на Советот нема да разговара за Босна и Херцеговина, кога станува збор за проширувањето. Ќе разговараме за Србија, Косово и традиционално за Македонија, посочи словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак.
ведскиот булдожер-дипломат на чело на нивното Министерство за надворешни работи, Карл Билт изрази надеж дека на состанкот ќебидат конструктивни кон Македонија.
Претседавачот со денешниот Совет, литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичиус, пак, посочи дека ова е последен ГАК за време на Литванското претседателство со ЕУ. Тој посочи дека очекува интензивен состанок пред се во носењето на заклучоците за Исланд, Турција, Западен Балкан и преговарачката рамка со Србија во однос на проширувањето.
- Очекуваме денеска да ги донесеме сите заклучоци во однос на проширувањето, а по состанокот ќе има прес-конференција, посочи Линкевичиус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа