Вигенин во Брисел: Нема потреба да се брза за договорот за добрососедство

Министерот за надворешни работи на Бугарија Кристијан Вигенин денеска во Брисел изјавил дека нема потреба да се брза со договорот за добрососедство.

– Не се очекува решение за Македонија на денешното заседание на Советот на ЕУ за општи прашања. Во однос на преговорите меѓу Софија и Скопје за потпишување билатерална спогодба за добрососедство, нема потреба од брзање на тој процес, вели Винегин.

Бугарскиот министер додава и дека се постигнал минимален напредок. - - Постигнавме минимален напредок, но не сме пред непосредно потпишување на договорот. Пристапуваме принципиелно, гледам желба од македонска страна да се постигне согласност по спорните теми. Денес сум малку поголем оптимист отколку пред два месеца. Нема потреба од брзање. Желбата и на двете страни е да ги придвижиме работите што е можно побрзо, но не избрзано. Како резултат на преговорите има многу поголем степен на разбирање за реалните проблеми кои ги отворивме со отворен дух, вели Вигенин.

Шефот на бугарската дипломатија информирал дека во однос на прашањето за проширување на ЕУ кон Западен Балкан, Бугарија потпишала писмо во кое поддржува на Албанија да и биде доделен статус на земја-кандидат за членство.

Во однос на присоединувањето на Србија, тој изразил очекување најдоцна во текот на јануари да започнат преговорите со Белград. Во Босна и Херцеговина, додава Вигенин, нема развој и земјата не исполнува ниту една од преземените обврски.

17.12.2013 - 11:47
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега