(Видео) Николовски влезе во расправија со новинари за неговите роднини вработени во М-НАВ
Министерот Љупчо Николовски влезе во расправија со новинарка која го праша како неговиот внук и чичко се вработени во М-НАВ. Тој и посочи што треба да прашува, а рече наместо да се зборува за над 100-те проекти сработени претходната година, таа го прашувала за вакви работи. За вработувањето на неговиот чичко, тој рече дека тој бил вработен во М-НАВ уште пред тој да биде роден.
„Жалам што наместо да се интересирате за темите за земјоделие, се обидувате да ширите невистини и лаги. Жалам што во 2023 година имавме над 100 проекти, не се испромовира тоа што работеше овој тим. Чичко ми работи таму пред да бидам роден. Зарем некој што не е роден може да влијае? И тоа ви е најбитната тема? Наместо да информирате она што граѓаните ги интересира?“, рече Николовски.
На реакцијата дека токму премиерот Димитар Ковачевски кажал дека М-НАВ станала семејна фирма, Николовски се огради и кажа да се обратат таму.
„Не ме интересира било кој став, за било која фирма, од било кого даден“, рече тој.
Откако новинарите му се извинија за тоа дека ваквите прашања му создаваат нервоза, тој само додаде дека не е нервоза.
„Не е никаква нервоза, тоа е само објаснување за тоа што го правиме“, додаде Николовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа