(ВИДЕО) Спасовски: Изготвена е кривична пријава против петте лица - таа е изготвена на повеќе од 100 страници

„Штотуку добивме известување од колегите од Турција дека креаторот, планерот, главниот координатор и директниот извршител е фатен и уапсен на нивна територија, идентично на нашите сознанија на патеката на движење. Тоа беше и последната алка да кажеме дека е сторено се од наша страна, сосема да ги разобличиме сторителите. Вчера попладне, на барање на нашето МВР беше распишана итна меѓународна потреница за лицето Љ.П. од Скопје, барано за тешки дела грабнување и убиство, што е таканаречена црвена потерница која во истиот момент стана видлива во целиот свет. Но токму врз основа на наши оперативни сознанија каде се движи бараното лице, не застанавме на тоа, туку продолживме и со билатерлана соработка за фаќањето на овој монструм“, изјави на вечерашната прес-конференција првиот човек на полицијата, Оливер Спасовски. 

Тој потенцираше дека е готова кривичната пријава против петте лица кои се осомничени за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. 

„Денеска сите бевме во очекување за кривичната пријава против петте лица која што ја најавивме вчера и веќе можам да најавам дека таа е изготвена на повеќе од 100 страници, вклучувајќи ги и доакзите и предадени се во ОЈО. Со неа се опфатени 5 лица, од кои 1 за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршителство и еден за помагање. Од овој момент натаму, предметот е во надлежност на ОЈО“, појасни министерот Спасовски.

05.12.2023 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега