Проверувајте ги сметките - УЈП соопшти кога ќе пушти пари за "Мој ДДВ"

 

Управата за јавни приходи ќе ги исплати парите од скенираните сметки за минатите три месеци, во текот на овој месец.

Како што информираат од УЈП, согласно Законот, исплатата на средства за скенираните сметки во периодот од октомври до декември 2024 година, ќе се реализира во текот на месец февруари.

Доколку имате потреба од поддршка или информации, јавете се во Контакт центарот на УЈП на следните броеви, од фиксна линија: 0800 33 000 и од мобилен телефон: 02 3253 200, или преку меил-адреста [email protected].

12.02.2025 - 08:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега