Македонија окована во студ, утрово измерени - 10 степени

 


Утрово најстудено е во Берово каде се измерени -10 степени, -8 во Крива Паланка и Попова Шапка, -6 во Велес, -5 во Штип и Скопје-Петровец, -4 во Маврови Анови, Струмица, Крушево, Виница и Скопје-Зајчев Рид, -3 во Битола и Кавадарци, -1 во Прилеп и Охрид, 0 во Претор и 2 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 31 сантиметар на Попова Шапка и 13 во Маврови Анови.

Како што информира УХМР, утрово е студено, преку денот умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има појава на повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје утрото студено, во текот на денот променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

12.02.2025 - 09:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега