Голем број граѓани ја посетија општината Ѓорче Петров

 

Голем број граѓани денеска ја посетија општина Ѓорче Петров во рамките на отворениот ден на општината и  се обратија на градоначалникот Сокол Митровски и раководителите на сектори и да ги образложат своите идеи и предлози, но и да укажат на проблемите, најчесто поврзани со урбанизмот.

- Општината континуирано организира отворени средби со граѓаните и сите предлози и проблеми ќе се систематизираат, а потоа сите тие ќе најдат место во различните програми кои општината  и советниците ќе ги реализираат, се вели во соопштението од општината Џорче Петров.

Овој отворен ден се организира по седми пат.

14.12.2013 - 14:47
Фото: 
википедија.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега