Муцунски јавно му искажа поддршка на Мицкоски: „Ја имате мојата доверба да ја предводите ВМРО-ДПМНЕ на следните избори“

 
Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски јавно му искажа поддршка на актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата на следните парламентарни измени. Неговиот став го соопшти преку социјалната мрежа Фејсбук. 
 
„Борбата против лошото владеење на СДСМ, корупцијата, лошата економска состојба и криминалот во кој тоне државата е можна само со силна ВМРО-ДПМНЕ која ќе настапува одлучно и единствено како никогаш досега. Затоа што партијата не е еден поединец, ВМРО-ДПМНЕ е народот, членовите и сите граѓани на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е секој град, секое населено место и секоја општина од државата.
Претседателот Hristijan Mickoski ја има целата поддршка и доверба од мене да ја предводи политичката партија која на следните парламентарни избори ќе освои најголем број пратеници и ќе ја формира иднината влада во Македонија. Нема и не смееме да губиме време за поделби, политичката битка против погубните политики на СДСМ бара лидерство, единство, истрајност и одлучност“, напиша Мицкоски на ФБ.

20.09.2023 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега