Принцезата од Велс и Федерер одиграа епски меч во двојки

 

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ,и тениската легенда Роџер Федерер се здружија за возбудлив пријателски натпревар во двојки на терените на Вимблдон запознавајќи се со момчињата и девојчињата за топчиња пред претстојниот грен слем турнир.

Нивната соработка донесе уникатен спој на кралство и спортски дух на култниот турнир во Велика Британија.

Светските шоу-биз медиуми ја објавија веста на своите насловни страници: Роџер Федерер – Кејт Мидлтон: принцеза и легендарен тенисер, осумкратен шампион на Вимблдон.

Кејт е главна ѕвезда во видеото снимено пред турнирот, кое има цел да ја истакне важноста на работата на момчињата и девојките задолжени за топчињата во текот на тениските натпревари.

Медиумите пренесуваат дека се ангажирани околу 250 тинејџери, кои се обучуваат уште од февруари, а нивната просечна возраст е 15 години.

На видеото и двајцата се во бело, во согласност со традицијата на Вимблдон, а Кејт, која е патрон на турнирот, во пријателски меч во двојки покажа дека добро се снаоѓа во овој спорт.

„Вашата игра е неверојатна!“, Федерер ја пофали принцезата.

Видеото, кое администраторите на „Вимблдон“ го поставија на јутјуб-каналот, стана вирално.

28.06.2023 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега