Унгарија: Ни требаат повеќе нуклеарни реактори
Унгарија ќе мора да изгради барем еден мал модуларен реактор (SMR), покрај планираното проширување на нуклеарната централа Пакс, изјави унгарскиот министер за енергетика Чабе Лантос.
„Ние би ги добиле најрано во 2029 или 2030 година и мислам дека локацијата не треба да биде Пакс, туку во дел од Унгарија каде побарувачката за енергија расте“, изјави Лантос за унгарскиот портал Vilaggazdasag.hu.
SMR може да произведе до 300 мегавати електрична енергија.
„Бидејќи се помали, може да се постават покрај реки со послаб проток на вода“, додаде министерот.
Тој не ја исклучи можноста за купување модуларен реактор од Русија.
„Мораме да ја разгледаме секоја опција“, рече тој.
Во 2014 година Унгарија потпиша договор вреден 12,5 милијарди евра со руската нуклеарна компанија Росатом за изградба на два реактори од 1,2 гигавати во Пакс, кој веќе има четири реактори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа