РКЕ: Подготвен е сет од сајбер безбедносни правила за намалување на ризиците при снабдување со електрична енергија

 

 

Со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето и да се намалат ризиците од нарушување на континуирано снабдување со електрична енергија, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Правила за сајбер-безбедност.

Новата регулатива за сајбер безбедност се воспоставува како стандард за енергетски компании од електроенергетскиот сектор и е изработена во соработка со „NARUC“ (National Association of Regulatory Utility Commissioners) и USAID.

„Сведоци сме дека информатичката инфраструктурата која е од витално значење за функционирање на една држава и која се дефинира како критична инфраструктура, е често цел на сајбер напади. Енергетската инфраструктура изобилува со податоци од кои зависи доверливото функционирање на енергетските пазари, а РКЕ има стратешка улога да обезбеди добро функционирање на националните енергетски пазари. Сајбер-отпорноста и сајбер-безбедноста не се проблем само за ИТ, тоа е и безбедносно прашање, но пред се е и регулаторно. Затоа подготвивме правила и препораки кои треба да ги следат и спроведат енергетските компании со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето, заштита на учесниците на пазарот и потрошувачите и зајакната ефикасност, конкурентност и транспарентност на енергетските пазари’’ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Во сетот на сајбер безбедносни правила донесена е и Листа на препораки за електроенергетските компании кои треба да се спроведат од МЕПСО и Електродистрибуција како и од производителите на електрична енергија кои управуваат со електроцентрали со вкупна инсталирана моќност еднаква или поголема од 200MW (ЕЛЕМ, ТЕ-ТО). Операторите и производителите се должни да назначат службеник за сајбер безбедност и да дадат приоритет на мерки за заштита на критичната инфраструктура, за која ќе има соодветна процедура за следење, известувања и справување со сајбер напади.

08.06.2023 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега