Груевски на свеченост во Академијата за судии и јавни обвинители

Шефот на Владата, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на свеченост по повод приемот на петтата генерација на слушатели на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители.

 

Почетокот на настанот е предвиден за 14 часот.

Инаку, влезот во почетната обука, како што велат од Академијата, ќе значи и избор во професијата за оние кои успешно ќе ја завршат обуката.

Петтата генерација на слушатели во почетната обука ја сочинуваат 13 идни судии и јавни обвинители, кои ќе ја следат Програмата за почетна обука согласно новиот Закон.

11.12.2013 - 12:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега