Џаро: Ждрепката за СП во Бразил е наместена!
Велибор Џаровски-Џаро вели дека ждрепката за Светското првенство во Бразил е наместена.
-Швајцарија е во најлесната група бидејќи претседателот на ФИФА Сеп Блатер е од Швајцарија, потоа Франција исто така поради претседателот на УЕФА Мишел Платини кој е Французин. Дали мислите дека тоа е случајно?- вели Џаро, за агенцијата Анадолија, а пренесува Telegraf.rs.
На прашањето како може да се намести ждрепка Џаро вели: - -Какво е тоа прашање? Па, нема ништо полесно! Едно топче ќе биде малку потопло од другите и ете ти...Или, нека биде малку потешко и тоа е тоа...Знам како се прави тоа бидејќи многу пати ја наместив ждрепката за Купот на Македонија со цел мојот Вардар да добие полесни противници. Ако вие мене ме прашувате како можам да тврдам за такво нешто, јас вас ве прашувам зошто нашите балкански репрезентации кои ќе играат на СП, Босна и Херцеговина и Хрватска не се во лесни групи? Јасно, затоа што немаме лоби и свои челници во УЕФА и ФИФА, убеден е Џаровски.
Според него се може да се намести па и СП во Бразил.
Џаро додава и дека особено овој бизнис цвета во Грција и Турција.
-Кај нас, на овие простори, секогаш се местат натпревари. Бизнисот цвета. Вистина е дека во последно време помалку сум присутен во целата приказна бидејќи здравјето не ми дозволува. Во последно време најмногу валкани работи се прават во Скандинавија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа