Група вдовици на руски војници побараа од Путин да воведе целосна мобилизација

 

 

Патриотска група која ги претставува вдовиците на руските војници го повика Владимир Путин да нареди масовна мобилизација на милиони мажи и да ги затвори границите за да обезбеди победа во Украина, пишува Скај Њуз.

„Бараме од нашиот претседател Владимир Путин да спроведе голема мобилизација. Бараме од нашиот претседател, нашиот врховен командант, да го забрани заминувањето на воена возраст од Русија. Имаме морално право да го сториме тоа : нашите сопрузи загинаа штитејќи ги овие луѓе, но кој ќе не заштити нас ако побегнат, напиша групата Вдовици на руски војници на Телеграм.

Во септември Путин нареди делумна мобилизација во Русија, а министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека Русија ќе регрутира уште 300.000 луѓе.

Тоа беше прва мобилизација во Русија по Втората светска војна,пренесе Индекс.хр.

03.01.2023 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега