Искри од брусалка запалија седум возила во Карпош

 


Вчера околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во плац за возила на подрачјето на Карпош, сопственост на И.Ш.(57) од Скопје, настанал пожар на сува трева од кој биле зафатени седум возила кои не биле во возна состојба и ги користел за резервни делови. 

Според пријавеното, додека И.Ш. со брусалка сечел едно од возилата, од искрите настанал пожар на сува трева, кој се проширил и ги зафатил возилата. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

И.Ш. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

10.04.2025 - 13:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега