Инцидент во Центар во Скопје: Молотов коктел фрлен во кабаре

 


Рано утринава, нешто по 4 часот, во скопската населба Центар, фрлен е молотов коктел врз објект кој функционира како кабаре, лоциран на улицата „50-та Дивизија“, дознава 24инфо.

Според првичните информации, огнената направа предизвикала материјална штета, оштетувајќи дел од инвентарот во внатрешноста на објектот. За среќа, во инцидентот нема повредени лица.

Како што се дознава 24инфо, кабарето поседувало важечка лиценца за работа во моментот на нападот. Екипи на полицијата веднаш излегле на местото на настанот и извршија увид. Во моментов се работи на целосно расветлување на сите околности околу нападот и на откривање на сторителот или повеќе сторители кои стојат зад овој опасен инцидент.

16.04.2025 - 13:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега