Нови детали: Пожарот спроти Клиника изгаснат - Зафатил и фасада од зграда
Нема повредени во пожарот кој денеска избувна спроти скопските Клиники и предизвика страв и паника кај жителите.
Во 09 часот и 50 минути во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Владимир Назор“ настанал пожар во патничко возило „цитроен ксара“ со скопски регистарски ознаки, кое било во движење, управувано од М.Г. од Скопје.
Од пожарот било зафатено и патничко возило „фиат пунто“ и фасада од зграда.
За среќа повредени лица нема, а пожарот е целосно изгаснат.
10.04.2025 - 11:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа