Норвешка воведува даноци за електричните возила
Норвешка го потврди првото место во светот по продажба на електрични автомобили во 2022 година, а Владата најави и дека ќе ги оданочува возилата, насочувајќи го вниманието на електрификација на тешките камиони.
Електромобилите учествувале со 79,3 отсто од продажбата на нови возила лани, што е најмногу откако овој вид возила е пуштен во продажба, објави Норвешката федерација за патен транспорт (ОФВ). Во 2021 година нивниот удел во Норвешка бил 65 отсто, а пред 10 години само 2,9 отсто.
Норвежаните најмногу ги купувале „Тесла модел Ипсилон“, „Фолксваген ИД.4“ и „Шкода енијак“.
Кина е убедливо најголемиот пазар на електромобили, но Норвешка води во светот земајќи го предвид уделот на пазарот, поддржан и од владини субвенции. За да ги поттикне граѓаните да купуваат вакви возила, на пр., Владата ги укина откупните даноци. Во меѓувреме, товарот на буџетот стана поголем и ги натера властите да ја преиспитаат даночната политика.
– Електромобилот е новата нормала за Норвежаните, а тоа значи дека треба да ја преиспитаме употребата на парите со коишто располага општеството. Ние сме апсолутно сигурни дека ништо не може да ја загрози иднината на електричните автомобили (во Норвешка). Владата сега мора да се сосредоточи на други транспортни сегменти, како што се тешките камиони, изјави државниот секретар во Министерството за транспорт Јохан Васара.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа