Влада: Изминатото деноноќие немаше увоз на електрична енергија од странство
АД ЕСМ вчера произведе 18.026 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.
При тоа, како што посочуваат, во термоелектраните се произведени 11.662, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 6.364 мегават часови електрична енергија.
-Во изминатото деноноќие AД ЕСМ не набави електрична енергија од странство, потенцираат од Владата.
03.01.2023 - 09:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа