(ФОТО) Бесими: Новите 100 милиони евра за малите и средни компании ќе бидат достапни до крајот на годинава
Инвестиции во зелена транзиција на малите и средни компании преку нови 100 милиони евра од ЕИБ преку Развојната Банка на РС Македонија, интерконекторот со Грција, железничките делници од Коридорот 8, како и останатите проекти со фокус на зелена економија биле тема на денешната средба на министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорот на канцеларијата на Европската инвестициска банка во Скопје, Бјорн Габриел, информираат во соопштение од Министерството за финансии.
Е„вропската инвестициска банка е една од најголемите финансиери на зелена економија во светот, а во моментов нејзината поддршка во проекти на јавниот сектор во нашата држава изнесува 246,9 милиони евра.
Новите 100 милиони евра за малите и средни компании, како што беше истакнато, се очекува да бидат достапни до крајот на годинава“, истакнуваат надлежните до писменото соопштение испратено до медиумите.
На состанокот било разговаранои важноста на тековните и идните проекти финансирани од ЕИБ, како што се пречистителната станица Скопје, третата фаза од железницата од Коридорот 8 кон Бугарија како и за железничката делница од Коридорот 8, од Кичево кон Струга, за што банката изрази интерес да биде водечка финансиска институција за подготовката на овој проект.
Министерот Бесими истакна дека во моментов најголем приоритет бил справување со енергетската криза при што покрај мерките коишто се преземаат за ублажување на ефектите, важно е да се инвестира во проекти со трајна вредност.
„Владата е посветена на инвестиции во зелената транзиција и промената на енергетската структура во земјата што ќе обезбеди сигурност во снабдувањето со енергетски ресурси со фокус на обновливи извори. Потребно е забрзување на реализацијата на предвидените проекти за кои се обезбедени финансиските средства“, истакна Бесими и додал дека треба да се креираат политики што ќе овозможат нашата економија да стане одржлива, модерна и посилна од претходно, информираат од ресорното министерство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа