ФОТО: Децата од Бутел го формираа најголемото македонско знаме

 

 Над 1200 ученици од скопската Општина Бутел денеска формираа најголемото македонско знаме. 

Градоначалникот на општината Дарко Костовски во објавата на Фејсбук напиша дека знамето и химната се симболи на државност и секој еден од нас треба да се идентификува и да ги почитува националните симболи.  

-Стоиме заедно обединети под светлината на нашето Македонско знаме! Во црвено и жолто, го формиравме најголемото Македонско знаме! Благодарност до Андријана Јаневска која на маестрален начин ја изведе нашата Македонска химна! Со особена гордост го одбележуваме овој значаен момент формирање на Македонското знаме, кое е симбол на независноста, заедништвото и достоинството. Тоа нѐ повикува да бидеме обединети, горди и одлучни во зачувување на нашите вредности. Знамето и химната се симболи на државност и секој еден од нас треба да се идентификува и да ги почитува националните симболи на Република Македонија, напиша Костовски.

Овој чин, додава градоначалникот, не прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности.

-Развивање на чуството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина, и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи за нас е важен момент. Македонија вечна, пишува тој

 

04.12.2024 - 13:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега