Мицкоски за Дамева: Кој нема да испорача резултати мора да си оди
Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање поврзано со оставката на претседателката на Судскиот совет вели дека оној кој нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине. Без разлика каква е неговата улога во општеството,
„Ценам дека овој Судски Совет и судството и обвинителството заедно со оваа доверба што ја имаат од граѓаните, не успеаја. И ова не треба да биде исклучок, треба да биде правило во иднина. Дека секој што нема да ја оправда довербата кај граѓаните треба да замине“, рече Мицкоски.
Премиерот очекува справувањето со криминалот и корупцијата да биде во фокус на обвинителите.
„Очекувам малку поголем фокус да имаат во справувањето со криминалот и корупцијата, но тоа пред сè важи за обвинителите кои што сред акција кога треба да потпишат налог за претрес или приведување, ќе повторам, добиваат главоболка, покачена температура, грчеви во стомак, дијареа“, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа