Ќе се лустрираат лицата вклучени во случајот Ченто

Комисијата за верификација на фактите одлучи да се отвори целото досие од случајот Методија Андонов – Ченто, кој со одлука на Врховниот суд на Македонија беше рехабилитиран, како жртва на монтиран политички процес.

Како што пренесе Дневник, сега се отвара можност Комисијата за лустрација а ги лустрира лицата кои биле вклучени во случај „Ченто“, а станува збор за 24 поранешни функционери. Прв на удар на можната лустрација ќе биде судскиот совет на Окружниот народен суд во Скопје, чиј претседател беше Панта Марина.

- Решено е да се отвори и расправата за досиејата на сите членови на првиот Президиум на АСНОМ за да се утврди кои се лицата што ним им ги прекршиле човекови права и слободи, вели Предраг Димитровски, портпарол на Kомисијата.

За потсетување, Методија Андонов-Ченто беше осуден во монтиран политички процес затоа што се залагал за обединување на Македонија. 

29.11.2013 - 13:51
Фото: 
новатв

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега