Град Скопје: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ при дарување крв
Град Скопје воведува бесплатен паркинг на затворените паркиралишта (затворен паркинг простор со влезно-излезна наплатна рампа) на ЈП „Градски паркинг“ при дарување на крв за дарителите.
„Оваа поволност е предвидена со oдлуката за давање согласност на oдлуката за дополнување на Ценовникот на услугите кои што ги извршува ЈП Градски паркинг – Скопје, која денеска беше усвоена од страна на Советот на Град Скопје. Доброволното дарување на крв претставува одраз на високи етички, хумани и морални вредности и со оваа одлука Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ даваат поволност и дополнителна поддршка за сите крводарители“, велат од Град Скопје.
Со оваа одлука, дополнително се овозможува, како што појаснуваат, за сите лица-специјализанти кој ја обавуваат специјализацијата во рамките на Комплекс Клиники Мајка Тереза, да се паркираат со истите услови како и останатите вработени во Комплекс Клиники Мајка Тереза.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа