Во среда не планирајте да одите на лекар

Сите пациентите кои имаат закажано преглед и интервенција на 27 ноември ќе им бидат презакажани за во сабота (30 ноември), имајќи предвид дека среда е прогласен за неработен ден поради одржувањето на акцијата „Ден  на дрвото-засади ја својата иднина“, а не е дел од празниците кои се предефинирани во системот, објасни денеска министерот за здравство Никола Тодоров.

- Од тој аспект околу 5.500 интервенции кои се закажани за среда ќе бидат презакажани за сабота. Го повикувам сите граѓани во Македонија кои имаат закажано интервенција или преглед во јавното здравство во рамки на проектот „Мој термин“ наместо во среда да ја побараат својата здравствена услуга во сабота кога ќе биде работен ден, додаде Тодоров по средбата со раководството на Европската очна болница. 

23.11.2013 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега