Во Македонија 185.000 лица се дијабетичари
Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија и Научното здружение за ендокринолози и дијабетолози, денеска потпишаа меморандум за соработка.
- Здруженијата прават големи напори да ја подигнат свеста за дијабетесот кај сите граѓани и кај болните од оваа болест. Во Македонија бројката на заболени од дијабетес е близу 185 илјади лица, а нашата цел е со заеднички напори на сите релевантни фактори таа да се намали до 80 илјади лица, рече претседателот на Сојузот на здруженија на дијабтичари д-р. Аврам Ванковски.
Директорката на ФЗОМ Маја Змејковска-Парнаџиева изјави дека со Меморандумот за соработка се дефинираат неколку вида мерки и тоа за превенција: -Дијабетесот не е болест туку состојба со која може нормално да се живее па дури и поздраво бидејќи лицето мора здраво да се храни, рече Парнаџиева Змејковска.
Дијабетесот се смета за болест, но и состојба. Ги зафаќа крвните садови и може да предизвика други болести. На преку еден милион луѓе годишно во светот им се вршат ампутации поради гангрена предизвикана од дијабетесот, а тој е и прва причина за слепило во светот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа