Златна зора: Атинската комора и Влада прават бизнис со Скопје

 

Неофашистичката партија Златна зора излезе со реакција во врска со македонско-грчки бизнис форум кој треба да се одржи во декември во Атина и го нарече „предизвикувачки“.

Потстетувајќи на бројките кои ги објавија грчките медиуми дека обемот на трговската размена меѓу двете земји во првите девет месеци од годинава изнесувал 662 милиони долари, увозот од Грција 499, а извозот во Грција 163 милиони долари, партијата на својата интернет страница напиша дека „во истиот тој период грчките капиталисти ги организираа своите деловни активности само со цел да остварат профит со помош на сервилната грчка Влада, додека Владата во Скопје продолжувала, на меѓународно ниво, со узурпирање на грчката историја, личности, симболи и територии на грчката нација“.

- Грчките бизнисмени свесно избираат да се вклучат во активности кои ќе придонесат за остварување на целите на државата кај нашата северна граница и ќе ја помогнат нивната приватна финансиска добивка, помпезно игнорирајќи дека целта на Македонците e експлоатација на историските, и на само тие, податоци кои се карактеристични за македонскиот хеленизам, тврди Златна зора.

Според Златна зора, „освен фактот што активностите на Атинската стопанска комора влијаат врз грчката економија, со префрлање или отворање фирми во непријателската држава Скопје, со што илјадници грчки работници ги губат своите работни места, а со тоа расте и невработеноста, суштината е слабеење на грчкиот притисок врз Скопје за решавање на прашањето за името“. 

14.11.2013 - 08:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега