ВИДЕО. И на Погба му пречеше шише пијалок, па го стави под масата

 

Фудбалерот од средниот ред на Франција, Пол Погба, не беше задоволен што шише пиво „Хајнекен“ се најде на маса на прес-конференција по натпреварот од ЕП 2020 со Германија (1:0).

Фудбалерот дојде да разговара со новинарите и кога го здогледа шишето пиво, го зема и го стави под масата, оставајќи пред него две шишиња, со вода и со „Кока-Кола“.

За потсетување, Погба е муслиман. Оваа религија забранува употреба на алкохол, па можеби тоа беше причината.

 

Претходно, напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо веќе направи сличен чин. На прес-конференција пред мечот со Унгарија, 36-годишниот фудбалер ги тргна шишињата „Кока-Кола“ од пред него, оставајќи само шише со вода.

16.06.2021 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега