Алушовски потврди, заминува од Вардар – Вујовиќ се враќа во црвено-црните?
Стевче Алушовски по завршувањето на оваа сезона повеќе нема да биде предводник на Вардар 1961, пренесува „Спортмедиа“
-Точно е, по завршување на сезоната повеќе нема да бидам тренер на Вардар. Засега нема ништо дефинирано, сакам добро да размислам. Во секој случај сум благодарен за оваа шанса што ја добив, за мене е големо искуство. Останува до крајот да го исполниме зацртаното, истакнал Алушовски за Спортмедиа.
Предводникот на „црвено-црните“ има шанси да остане во клубот, но истовремено размислува и за други опции.
Алушовски во Вардар го наследи Едуард Кокошков во 2019 година и најголем успех му беше осминафиналето во Лигата на шампионите каде беше сопрен од Веспрем.
Секако пред да го напушти кормилото на Вардар пред Алушовски останува битката за суперлигата и куп титулата.
Најверојатно наследник на Алушовски ќе биде Веселин Вујовиќ кој се споменува како нов тренер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа