Седница на Комисијата за локална самоуправа
Комисијата за локална самоупотреба денеска еднокгласно го усвои предлог-законот за дополнување на Законот за рамномерен регионален развој во прво читање и го дадоа во натамошна процедура.
- Во 2014 година кофинансирањето на тековното работење на Центрите да се реализира во однос 50-50 од централниот буџет и општините, додека во секоја последователна година делот од кофинансирање од буџетот на Република Македонија ќе се намалува за 10 проценти. Спроведувањето на кофинансирањето на тековното работење на центрите за развој на планските региони нема да предизвика последици врз буџетот на Република Македонија, бидејќи овие средства се предвидени во буџетот на Министерството за локална самоуправа, појасни Сајковски.
Центрите за развој на планските региони, како што рече, се финансираа од 2008 година со донесувањето на Законот за регионален развој во периодот од пет години. Во овој период половина од средствата ги издвојуваше Владата, а остатокот го кофинансираа општините од сите плански региони.
- Од буџетот на Министерството за локална самоуправа за секој центар, за секоја фискална година се трансферираа околу милион и 200 илјади денари или за осумте центри, девет милиони и 600 илјади денари, рече Сајковски.
Пратеникот Беким Ќоку од ДПА забележа дека дополнувањето нема да се применува бидејќи, според него, не се е спроведува законот.
Светлана Мазгалоска-Вучетиќ од СДСМ рече дека на центрите за развој на планските региони навистина им е неопходна понатамошна поддршка од кофинансирање за да имаат континуитет, капацитети, да се зајакнат и да имплементираат проекти.
- Овие центри се многу важен сегмент во процесот на децентрализација, како и за административна поддршка на општините. Го поддржувам законското решение кое се предлага, но сметам дека нема потреба од намалување на 10 отсто низ годините, рече Мазгалоска-Вучетиќ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа