Првиот синдикалец Митревски го поздрави продолжувањето на породилното

 

Првиот човек на синдикалците Живко Митревски го поздрави предлогот на Владата за продолжување на породилното боледување за дополнителни три месеци. На овој начин Митревски посочи дека се унапредуваат правата на жената работник. 

- За разлика од она што се случува во другите држави, каде породилното отсуство се намалува и на шест месеци, ние имаме еден тренд на обезбедување дополнителни права кои ќе го заштитат мајчинството и побезбеден живот на децата, изјави на денешната прес-конференција Митревски одговарајќи на новинарско прашање.

Митревски дополни дека покрај дополнителниот период на отсуство за кое Министерството е одговорно да плаќа и здраствени придонеси, работодавачот е обврзан и да го зачува работното место на работничката. 

 

29.10.2013 - 15:16

најчитано сега