Груевски: На Филе не му е сеедно што ситуацијата зависи од Грција

 

Претседателот на македонската Влада Никола Груевски вчера во Брисел оствари средба со еврокомесарот Штефан Филе, на која дискутирале за продолжување на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД). Груевски и Филе изразиле надеж дека ќе се најде решение за да се придвижат работите во правец на почнување на преговорите за членство во ЕУ.

- Тоа не е лесно прашање и не зависи од самиот Филе, туку зависи од друг, зависи од нашиот јужен сосед. Но, и на комесарот за проширување не му е сеедно што е ваква ситуацијата. Пет години едноподруго добиваме позитивни извештаи, пет години едноподруго добиваме препорака за почеток на преговорите од Kомисијата и пет години едноподруго Европскиот совет не е во можност таа препорака да ја преточи во преговори поради една земја-членка, односно нејзиното противење со нашето име на државата, на јазикот и на нацијата, изјавил Груевски, пренесува МИА.

Премиерот Груевски ја оценил средбата со Филе како конструктивна и додаде дека оваа година, македонскаа Влада ќе состави Акциски план што ќе произлезе од укажаните слабости во извештајот на ЕK, за во наредните 12 месеци слабостите да бидат отстранети.

26.10.2013 - 10:56

најчитано сега