Почина македонскиот фудбалер Саше Гелов -по страшната сообраќајка им подлегна на повредите
Страшна вест доаѓа од Кавадарци, поточно од Росоман каде што во сообраќајна несреќа, животот го загуби 25-годишниот капитен на ФК Росоман Саше Гелов. Сообраќајката се случила пред неколку дена, а Гелов им подлегна на повредите на скопските клиники.
Гелов е поранешен фудбалер на Вардар Неготино и на Хоризонт Турново.
Фудбалскиот клуб Росоман на својата Фејсбук острана објави дека животот го загубил капитенот на овој тим Саше Гелов.
“23.04.2020, тажен ден за нашата Општина Росоман и луѓето што живеат тука. Изгубивме другар, пријател, брат и голем спортист. Почивај во мир, КАПИТЕНУ!“, стои во објавата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа