13 години затвор за убиството во училиштето Здравко Цветковски
Казна затвор од 13 години си заработи Петар Манески кој го уби Mухамед Aли Jашари во дворот на училиштето Здравко Цветковски, јавува Канал 5.
Казна затвор вовреметраење од 4 месеци доби Стефан Гелов, додека Доријан Тасев е ослободен бидејќи тој веќе издржува друга затворска казна, а осуденикот Петар Манески е во бегство.
Инаку, Јашари почина во дворот на училиштето Здравко Цветковски откако се обиде да спаси негов соученик кој бил нападнат од група насилници.