Утре се очекува пресудата за случајот "Ликвидација"

 

Пресудата за обвинетите во случајот „Ликвидација“ ќе биде изречена утре во Основниот суд Скопје 1, пренесе Плусинфо.

Процесот за овој случај трае веќе два месеца, а во него е обвинет и новинарот на Нова Македонија, Томислав Кежаровски, а освен него се обвинети и велешкиот судија Иле Танев, Сабедин Џини-Хофман, поранешниот истражен судија Валентин Зафиров, обвинителот Ивица Ефремов, Јане Павловски – Тица, пензионираниот врховен судија Борис Николовски и адвокатот и поранешен судија во велешкиот суд Сашко Лазаров.

Обвинетите се товарат за примање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување, неовластено оддавање информации и податоци за заштитен сведок.

 

20.10.2013 - 12:02
Фото: 
24вести

најчитано сега