Канческа-Милевска: Не сме поврзани со општината Центар за "Скопје 2014"

МИнистеркара за култура, Елизабета Канческа Милевска, во интервју за Утрински весник, вели дека нема никаква поврзаност со општината Центар за проектот со Скопје 2014 и дека од таа причина и е чудно зошто градоначалникот на општината Центар, Андреј Жерновски, бара мораториум на објектите.

-Изградбата на Стариот театар, музејскиот комплекс, Спомен-куќата на Мајка Тереза, Портата, скулптурите кои ги поставувавме, концертната сала на Филхармонијата не зависи од Општина Центар, таа општина нема надлежност за проектите на Министерството за култура, тие се надлежни само за изградбата на спомениците, кои се дел од проектот „Скопје 2014“. Градоначалникот има обврска да реализира поголем број проекти кои се во полза на граѓаните, а не да се занимава со проекти кои не се во негова надлежност. Затоа и реков, ако Жерновски смета така, може слободно да не' даде на суд, истакнува министерката.

Канческа Милевска додава и дека  работата на Министерството за култура е јасно прецизирана со Законот за култура и сите останати законски прописи во нашата земја па затоа би било несериозно дури и да се помисли дека функционирањето на едно министерство би било доведено во прашање или попречено во својата работа поради различната политичка припадност на одреден градоначалник.

За обвинувањата дека ,инистерството давало високи хонорари за патувањата во Италија на скулпторката Валентина Стефановска, министерката вели: - Не е доблесно и чесно да се злоупотребува во дневнополитички цели име и презиме на уметник кој успеал да создаде дела во интерес на државата. Мислам дека се злоупотребува и самиот проект „Скопје 2014“ за кој веќе дадовме целосен отчет во јавноста. Законот за јавни набавки е многу јасен, секој граѓанин може на веб-страницата на Бирото за јавни набавки да види, на пример, какви договори се склучени за Стариот театар. Се' е јавно и транспарентно, додава министерката.

 

 

 

 

 

19.10.2013 - 13:38
Фото: 
Денешен

најчитано сега