Дербито Баерн Минхен – Челси без публика

 

Откако УЕФА вчера објави четири меча кои неделава во европските натпреварувања ќе се одиграат без гледачи, уште еден петти меч од елитните натпреварувања ќе се одигра пред празни трибини и тоа дербито Баерн Минхен – Челси.

Поради коронавирусот кој се рашири низ Европа, „Алијанц Арена“ ќе остане затворена, па пресметката на Баварците, кои треба формално да ја завршат работата против лондонските „сини“, откако во Лондон победија со 3-0 сега ќе се одигра без гледачи.

Ова е последен меч во низата одложувања, откако утрово Ла Лига објави дека две недели ќе се игра фудбал без гледачи, а дербито Барселона – Наполи во ЛШ закажано за идната седмица, исто така се се одигра пред празни трибини.

„Одлуката е донесена по разговорите со УЕФА, клубовите, но и германските здравствени власти“, објави Баерн.

Во Германија има преку 1.000 заболени од коронавирус, а само во Баварија се потврдени 256 случаи, а досега овој опасен вирус кој се појави во Кина одзема два животи.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2020 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега