Роналдињо фатен со фалсификуван пасош во Парагвај
Бразилската фудбалска легенда Роналдиљо е фатен со фалсификуван пасош во Парагвај. Тамошното Министерство за внатрешни работи потврди дека тој и неговиот брат се задржани во хол во Асунсион, каде ќе бидат испрашувани, а потоа ќе биде одлучено дали ќе бидат уапсени или не.
-Браќата не се приведени, тие се уште се под судска истрага и треба да сведочат. Потоа ќе биде одлучено дали ќе бидат уапсени или не, изјави министерот за внатрешни работи на Парагвај.
Роналдињо отпатувал во Парагвај за да присуствува на хуманитарен настан но властите откриле оти користи фалсификуван пасош.
Пасошот на бразилската легенда е одземен во 2018 година бидејќи Роналдињо треба да плати казна од 2,3 милиони долари која се уште ја нема платено. Станува збор за казна за нелегално градење.
A suíte onde Ronaldinho Gaúcho está hospedado com seu irmão Assis foi revistada no Paraguai. As autoridades locais confirmam os supostos documentos falsos encontrados. As investigações estão em curso, ambos estão sob custódia e irão depor nas próximas horas #FutGloboCBN pic.twitter.com/S78jDqPuCc
— Renan Moura (@renanmouraglobo) March 5, 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа