Борис Кондарко си поднесе оставка
Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко си поднесе оставка.
Како што јавува МИА, во оставката Кондарко бара да биде разрешен на наредната собраниска седница, а барањето е веќе доставено до Парламентот.
Инаку, Кондарко својата оставка ја најави пред два дена. Во СДСМ денеска се уште не ја потврдуваат информацијата дека Кондарко поднел оставка, но најавуваат прес-конференција во текот на денот.
Кондарко засега не е достапен за коментар.
18.10.2013 - 13:03
Фото:
А1.он