Нејмар повторно поцрвене во ПСЖ за да оди на карневалот во Рио
Само што француските медиуми објавија дека Нејмар, конечно, нема да оди на роденденот на сестра му, но и на карнавелот во Рио де Жанеиро, стигна демант. Бразилската ѕвезда во дресот на ПСЖ доби црвен картон во синоќешниот меч со Бордо и се ослободи од обврски кон „светците“ за наредниот период што влева доза на сомнеж за начинот на кој успеа да издејствува слобода.
Исклучувањето се случи во судиското екстра време на натпреварот и тоа на средина на теренот. Француските медиуми веднаш се распишаа дека Нејмар секој пат во овој период од годината или е повреден или е под суспензија за да може да „избега“ на неколку дена до Рио, но и да биде дел од роденденската забава на сестра му.
Сè уште е непознато на колку време ќе биде суспендиран, но претпоставките се дека ќе добие два меча што е доволно време да „скокне“ со прочуениот карневал во олимписко Рио кој трае до 26 февруари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа