Првиот Ферари на Шумахер ставен на аукција
Болидот на Ферари 412 Т2 од 1995 година е ставен на продажба со аукција од страна на компанијата „Џирардо и Ко“.
Автомобилот беше првиот што го тестираше Михаел Шумахер како тест возач на Ферари. Во текот на 1995 година, автомобилот го користеше Жан Алеси, кој оствари една победа и заврши на подиумот уште четири пати.
Шумахер една година подоцна и официјално стана пилот на Ферари, кој последен пат го освои првенството на возачите во 1979 година, и им помогна да се трансформираат во најуспешниот тим во историјата на Формула 1.
06.02.2020 - 18:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа