Странските туристи летово ја поплавиле Македонија

127.607 туристи ја посетиле Македонија во август оваа година. Споредено со август минатата година, бројот на туристите е зголемен за 11, 4 %. Во август се регистрирани 586.635 ноќевања, што претставува намалување за 0,9 проценти во однос на истиот месец минатата година, објавува Државниот завод за статистика.

Во август годинава, споредено со август лани, имало повеќе домашни туристи за 7,7 проценти, а странски за 17,8 проценти. Намалени се ноќевањата на домашните туристи за 2,5 проценти, а се зголемени кај странските туристи за 5,5 проценти.

Од јануари-август година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4,8 проценти, при што кај домашните туристи има намалување за 2,7 проценти, а кај странските зголемување за 12,5 проценти. Од јануари до август е евидентирано намалување на ноќевањата кај домашните туристи за 0,3 проценти, а зголемување кај странски за 8,8 проценти.

17.10.2013 - 10:54

најчитано сега