Македонските пратеници ќе седат во мебел од 500.000 евра
Македонските пратеници ќе седат во мебел вреден 554.264 евра. Како што пренесува порталот Плусинфо, Собранието склучило договор со две скопски фирми за набавка на ентериер и останата опрема.
Инаку, Парламентот сеуште се реконструира, а договорот од 496.751 евра е потпишан со градежната фирма „Бетон“,додека помал ангажман од 57.513 евра има друштвото за производство, трговија и услуги „Сектрон“ - Скопје.
Реконструкцијата на Собранието сеуште трае, а сите набавки треба да се реализираат до месец октомври наредната година.
15.10.2013 - 15:09